Ракометна Европа одбројува до почетокот на Европското првенство во јануари следната година на кое за прв пат три земји Австрија, Норвешка и Шведска ќе бидат домаќини, а исто така премирно ќе настапат и 24 репрезентации.

Капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров, веќе години наназад го држи рекордот на најдобар стрелец како на ЕП, со 61 погодок, така и на СП, 92 гола, а исто така тој е и најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, првиот со над 1.000 гола…

Ваквата статистика на Лазаров ја стави на мислам Европската ракометна федерација (ЕХФ) за тоа каков ќе биде учинокот на десниот бек на ЕУРО 2020.

„Тој е националниот херој на Македонија и легенда сам по себе. Кирил Лазаров е најдобриот стрелец на ЕП. Колку гола ќе постигне играчот на Нант во јануари?“, се прашува ЕХФ.