Стратегот на Вест Хем Мануел Пелегрини призна дека има ултиматум од управата на клубот дека ако не победат на гостувањето кај Саутемптон од понеделник ќе биде без работа.

„Чеканите“ се на 16 позиција на табелата со само 16 поени со еден повеќе од ривалот од јужниот брег кој е на 18 место во зоната за испаѓање.

Вест Хем освои едвај пет бода на последните 10 меча поради што Пелегрини се најде под притисок.

„Мораме да го победиме Саутемптон. Мораме да ги освоиме трите бода во сабота затоа што ако не го направиме тоа во понеделник веројатно ќе останам без работа. Не ми е јасно како освоивме само пет поени од толку многу натпревари. Навистина не можам да си го објаснам тоа“, коментира 66-годишниот екс-стратег на Манчестер Сити.

Според медиумите Пелегрини бил пред отказ уште пред една недела во поразот од Арсенал но раководството му дало уште една шанса.