Реал Мадрид по освојувањето на второто место во групата на Лигата на шампионите од редот на неносители го чека противникот за осминафиналето. Под водство на Зидан Реал три пати го освојуваше ушестиот пехар кој сега е во рацете на Ливерпул, а Французинот сака да го врати на „Сантијаго Бернабе“.

Тој вели дека е спремен и доколку во осминафиналето им се падне актуелниот европски шампион.

Не можам да влијаам на ждрепката. Сеедно кој ќе ни се падне. Но ако го добиеме Ливерпул, сигурно ќе ги елиминираме“, изјави Зидан.