Ди Мајо: Макрон се однесува како навредено величество

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ди Мајо: Макрон се однесува како навредено величество

Италијанскиот премиер Луиџи Ди Мајо изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон се однесува како навреднео величество.

Тој за агенцијата „Блумберг“ рекол дека неговиот состанок со претставниците на француското движење „жолти елеци“, Макрон го гледа преку призма на законот – навреда на величеството (lese-majeste).

Ди Мајо вели дека неговиот состанок со групата која би требало да се кандидира за изборите за ЕВропскиот парламент бил целосно легитимен.

„Жал ми е што ова Макрон го доживеа како навреда. Нормално е политичката сила, која не дели исти идеи со неговата партија, да се состане со друга сила, која ќе се кандидира на европските избори“ порачал Ди Мајо за „Блумберг“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата