Ел Сиси нов претседавач на Африканската унија

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ел Сиси нов претседавач на Африканската унија

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси е избран за нов претседавач со Африканската унија, на самитот на таа организација во Адис Абеба.

Во обраќањето пред учесниците на самитот, во главниот град на Етиопија, ел Сиси истакнал дека о центарот на неговата работа ќе биде езбедноста на африканскиот континент.

„Нашата работа мора и натаму да биде насочена на унапредување сеопфатен и одржлив мир и безбедност во Африка. Посредувањето и превентивната дипломатија ќе остане приоритет на Африканската унија“ рекол ел Сиси.

Нагласил и дека борбата против тероризмот бара идентификација на оние кои го подржуваат и финансираат и заедничкиот ангажман.

„Свесни сме на потешкотиите и сложеностите на таа борба и затоа ова е единствен начин да го победиме тероризмот и да го искорениме“ порачал ел Сиси.

Египетскиот претседател, едногодишниот мандат за претседавач на АУ, го доби заменувајќи го претседателот на Руанда, Пол Кагаме

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата