Tасевски до Вишка: Твојот цинизам те прави примитивен

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Tасевски до Вишка: Твојот цинизам те прави примитивен

Актерот и некогашен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски, преку својот Фејсбук профил му се обрати на актерот и советник во Министерството за култура, Висар Вишка кој застана во одбрана на министерот Асаф Адеми околу скандалозната распределбата за средства за културата

„Некои уште сакаат диктатура каде што еден центар, еден грст луѓе врзани ко црева меѓусебно одлучуваат за судбините на сите уметници во МК“, оцени советникот по што следеше одговор од Тасевски.

„Висар ај не паламуди. Оваа држава ти дала образование и работно место во МНТ. Ми леташ орлиња наоколу, а ми збориш ко Мајка Тереза. Се загрижи за маргинизираните? Ма немој. Вчера отворале фирми во тетовско, за денес да им пуштате илјадници евра на тотални анонимуси, али битно албанци.

Министерството не е промотер на дилетантски групи, туку пред се мора да испорача врвни културно уметнички достигнувања. Го згазивте Скопскиот џез фестивал, светски бренд, да отворите нов во Тетово? Го пониживте Танец со приказна богата ко Илјада и една ноќ, за да промовирате на голема врата нов албански ансамбл за ора кој е роден вчера.

Твојот цинизам те прави примитивен и повеќе те открива кој си, отколку што те покрива. Гледаш дека колегите од театарот и уметностите се револтирани, а ти упорно изигрува невина француска собарка. Сепак, твојот презир кон нас Македонците ти избива од секоја запирка, затоа не глуми, кајшто не проаѓа. Многу колеги со кои си одел по журки, си работел ќе те занејќат поради твојот цинизам и однос. Не се брани она што е неодбранливо. Ај фати му пенал на Меси. Немаш потреба да бидеш толку искомплексиран. Барем ти не. Ама ајде де“, напиша Тасевски на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата