Ангел на ножевите: Скулптура направена од 100.000 сечила употребени во злосторства

12.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ангел на ножевите: Скулптура направена од 100.000 сечила употребени во злосторства

Националниот центар за железни скулптури во Англија, креираше дело кое, иако можеби на прв поглед не изгледа така, испраќа силна порака која повикува на решавање на проблемот со насилството.

Ангелот на ножевите, или официјално Националниот споменик против насилството и агресијата, е скулптура направена од ножеви кои биле запленети од насилници низ цела Англија. Скулптурата првично била поставена во селото Морда, а дури 30 отсто од ножевите биле крвави и пристигнале во вреќи за биолошки отпад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pictures of Hull (@pics_of_hull) on

Кампањата наречена „Зачувај го животот, предај го ножот“, започна во 2014 година и собра доволно ножеви за да се реализира проектот, иако не сите полициски станици ја поддржаа ваквата скулптура.

Сепак, благодарение на соработка од 43 полициски станици, бил собран материјал доволен за изработка на делото.

Автор на скулптурата е Алфи Бредли – и самиот жртва на насилство од нож, кој собрал над 100.000 ножеви и од нив направил креативна целина. Пред да ги намести сечилата во посакуваната форма, тој ги исчистил и дезинфицирал, а семејствата чии членови биле убиени со нож, можеле на нив да изгравираат пораки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nigel (@cheshirenige) on

Ангелот на ножевите е висок 6,1 метри, а негова примарна улога е да се подигне свеста за насилството во кое се користат ножеви како оружје. Од нејзината промоција скулптурата се пренесува од град во град.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата