Млади репрезентативки и потенцијални кандидатки за А тимот на Македонија в петок, ќе се соберат во Куманово каде селекторот Симе Симовски ја закажа новата акција на селекцијата.

Идејата е во овој „празен“ период во годината на домашна сцена, ракометарки од домашното првенство да работат по системот на репрезентацијата и полека да влегуваат во репрезентативното друштво.

„Одлучив дека вакви мини-акции ни се и тоа како потребни, особено во период кога немаме активности во домашното првенство. Идејата е девојките од домашното првенство полека да почнат да работат по системот на репрезентацијата и технички, тактички и физички да ги одржуваме во форма. Истовремено ова е мотив и за девојките и за клубовите да работат уште подобро. Истовремено потребно е да се стави крај на немаштијата кај сениорките, поточно да не дозволиме повторно да кубириме со кадар и да дојде до нова ’дупка’ меѓу генерациите“, објасни за СПОРТМЕДИА селекторот Симе Симовски.