После фантастичниот гол против Хадерсфилд, македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигна уште еден прекрасен погодок за Лидс во Чемпионшип лигата. Вечерва Алиоски речиси од мртов агол ја погоди мрежата на Хал за водство и веројатно за победа на својот тим со 2:0.

Лидс со оваа победа ќе се врати на чело на табелата со бод предност во однос на ВБА кој својот меч го игра утре.