Реал Мадрид летово потроши околу 350 милиони евра на засилувања па во своите редови ги донесе Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитo, Родриго Гоес, Ферландо Менди, а сега шпанска Марка пишува дека клубот мора да заработи околу 200 милиони евра од трансфери за да ја избалансира финансиски годината.

Во спротивно може да се соочи со казна од Ла Лигата или УЕФА.

Реал се надеваше дека ќе ги продаде Џејмс Родригез и Герет Бејл летово и дека така ќе го добие балансот, но тие останаа на Сантијаго Бернабеу. Сепак, според пишувањето на Марка, овие двајца фудбалери се во комбинација и за зимскиот преоден рок.