Следната година на календарот на Ф1 патеките се најде и Холандија, на патеката Зандвоорт, која ќе се вози прв пат од 1985 години.

Ф1 бараше да се направат дополнително две кривини, како и некои поправки на патеката, а исто така ќе мора да се реновира дел од трибините и на гаражите.

Меѓутоа директорот на ГН на Холандија, уверува дека работите ќе бидат готови, и дека тоа ќе биде најубавата патека во Светот.

„Со овие надградби и модификации, Зандвоорт ќе биде најубавата патека во Европа, а можеби и во Светот“, рече Јан Ламерс.

ГН на Холандија ќе се вози на 3. мај.