Иако во ЛШ игра одлично, иако има шанса да биде првиот германски клуб кој во групната фаза од ова натпреварување ќе заврши со максимални шест победи, сепак ова есен овој Баерн Минхен е најлошиот Баерн во изминатите три децении, поточно од сезоната 1994/95. Имено по саботниот пораз од Борусија Менхенгладбах, баварците паднаа на седмото место на табелата во Бундес лигата. Имаат седум победи, три ремија и четири порази. Ова никогаш им се нема случено од таа 1994/95 сезона кога тимот го предводеше Џовани Трапатони, а играа покрај другите и Матеус, Папен, Шол, Хаман, Циге…

Тогаш Трапатони не беше сменет, но за разлика од него Нико Ковач доби отказ. Сепак и со новиот тренер Ханс Флик баварците имаат катастрифални резултати на домашна сцена, но затоа во ЛШ се брилјантни.