Еве ја најубавата девојка во светот: Доаѓа од Јужна Африка

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве ја најубавата девојка во светот: Доаѓа од Јужна Африка

Мис Јужна Африка, Зозибини Тунзи е новата Мис Универзум. За најубава е прогласена синоќа на изборот одржан во Атланта. Втората придружничка е Софија Арагон од Мексико, додека за прва е избрана Порториканката Медисон Андерсон. 

- Пораснав во свет во кој жената изгледа како мене, има коса и боја на кожата како мојата, никогаш не е сметана за убава. Време е тоа да запре. Сакам да ве видат деца, да го погледнат моето лице и во него да го најдат одразот на своето лице, истакна Тунзи на бината.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата