ШАРЕНА ДИКТАТУРА: Со државни пари од Култура почастени само Шарените активисти и Албанците, другите како да не постојат

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШАРЕНА ДИКТАТУРА: Со државни пари од Култура почастени само Шарените активисти и Албанците, другите како да не постојат

Колкумина од вас воопшто слушнале за Нела ВитошевиЌ? А од тие што слушнале по некој основ, колкумина знаат дека е таа театарски режисер?! Нела Витошевиќ е за прв пат забележана во јавноста како еден пд главните политички и партиски кативисти на протестите на т.н. Шарена револуцуја по што, со државни пари, следи комензација и награда за нејзините партиски активности.

Режисерката Нела Витошевиќ доби најмногу проекти во драмската дејност за 2018 година за да режира четири претстави во национални театри, а претставите вкупно чинат 4,8 милиони денари.

Нела Витошевиќ ќе режира најмногу и во 2019 година, со три претстави во МНТ, Драмски театар и во Театар за деца и младинци, а со по две режии застапени се режисерите Васил Христов, Владимир Милчин, Срѓан Јаниќијевиќ и Андреј Цветановски.

Како и последните години, и годинава ќе се постават само 4 македонски текста, од тројца автори: два текста од Горјан Милошевски, и по еден од Дејан Дуковски и Румена Бужаровска.

Во програмата за музичка и музичко сценска дејност, во делот кај подддржани проекти од Националните установи-Центри за култура, најмногу пари за еден конкретен има добиено Центарот за култура „АСНОМ“ од Гостивар. Оттаму, побарале 895 илјади денари за одбележување на 20 години од Егзодусот на косовските Албанци, а добиле 200 илјади денари. За останатите проекти, одбележување на 7 Март – Ден на албанскиот учител и 21 Декември- Ден на наставата на турски јзик добиле по 80 илјади денари (од побарани 180 илјади денари и 325 илјади денари), за 22 Ноември – Ден на албанската азбука добиле 150 илјади денари (од побарани 345 илјади денари), и за одбележување на 2 Август, добиле 100 илјади денари од побарани 300 илјади.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата