Кирк Даглас наполни 103 години: Преживеал мозочен удар и хелихоптреска несреќа! Вели дека ова е ногова тајна за долговечност

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кирк Даглас наполни 103 години: Преживеал мозочен удар и хелихоптреска несреќа! Вели дека ова е ногова тајна за долговечност

Холивутскиот глумец Кирк Даглас денес полни 103 години.

Роден е како Исур Данијеловиќ Демски, син на неписмен руски емигрант, а одиграл најславни улоги во историјата на кинематографијата, од Спартак и Винсент ван Гог до Док Холидеј.

Глумец-икона Кирк Даглас тврди дека доживел повеќе од стота година благодарение на својата сопруга Ен Бајденс Даглас (100) со која успеал да ги надмини сите премрежија кои животот ги носел. Преживеал мозоќен удар кој му го пореметил говорот и поради кој морал да престне да глуми пред две децении. Се извлекол и бес последици од хелихоптреска несреќа 1991 година, а голема празнина оставила смрта на неговиот син Ерик во 2004 година.

“Среќен сум што пред 63 години пронајдов сродна душа и верувам дека нашиот убав брак ми помогна сето тоа да го преживеам“ – рекол во едно интрвју Даглас.

Убавата Ен ја запознал 1953 година за време снимање на филмот "Act of Love" во Париз. По две години откако му се распаднал првиот брак со глумицата Дајана Вебстер, со која ги добил синовите Мајкл и Џое, славниот глумец рекол Ен дека веднаш го привлекла со својата смисла за хумор.

Убавицата со германско потекло сметала дека Кирк е згоден и шармантен, но не сакала да се плетка со холивутски глумци. Сепак хемијата била појака, со што една година подоцна, 1954 година го кажале судбоносното да во Лас Вегас.

“Никогаш не мислев дека нашиот брак е единствен. Се вљубив во девојка и по повеќе од шеесет години јас и понатаму ја сакам“ – открил во интревју глумецот.

Пред три години издал книга поезија, со наслов Life Could Be Verse, која ја посветил на својата сопруга, а во една од песните истакнал дека љубовта почнува во осундесетата година.

Последните две децении, Кирк и Ен се посветиле на филантропија. Изградиле 400 школски игралишта во Калифорнија и основале центар за лечење од Алцхајмерова болест. Кога ќе го напуштат овој свет, нивниот имот ќе припадне на некоја хуманитарна организација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата