Голманот на Вардар, Филип Гачевски како во стилот на големите играчи се качи на трибините со навивачите да ја прослави есенската титула по завршувањето на мечот со Шкендија.

„Чувството е големо, посебно во една ваква атмосфера и тешкиот дуел со големиот ривал Шкендија. Жал ми е што на публиката не и подаривме победа за се да биде на високо ниво, но и вака е добро со +8 одиме на одмор.

Чест е да се биде Комита и да се носи дресот на Вардар. После завршување на кариерата можам да ветам дека одам на Запад – кај Комити“, изјави за СПОРТМЕДИА, Филип Гачевски.