Италијански Лубе Цивитанова е освојувач на ФИВБ Светското клупско првенство во машка конкуренција, откако во финалето во Бетим, Бразил, со 3:1 (25:23, 19:25, 31:29, 25:21) го совлада домашниот претставник Сада Крузеиро.

За Италијанците ова беше „трета среќа“ со оглед на тоа дека и во 2017 и во 2018 година играа во финалето, но останаа без титулата. Сада Крузеиро, пак, има три титули светски клупски првак во 2013, 2015 и 2016, сите три и се освоени во Бетим, но на ова издание домашниот терен не беше таличен за Бразилците.

Главната битка се водеше во третиот сет, која Лубе ја освои по рулет-завршница со 31:29, по што и конечно го скрши отпорот на противникот.

Османи Хуанторена и Жоандо Хидалго со по 20 поени го предводеа тимот на Лубе.