Марјан Кировски ја заврши судиската кариера. Тој повеќе нема да ја дели правдата, а натпреварот Вардар – Шкендија му беше последниот во кариерата. После завршувањето на дербито, играчите на Вардар и Шкендија иако големи ривали, сепак, се обединија да му изразат чест на Кировски.

„Најголема чест во мојата кариера! Благодарност до сите актери на овој СУПЕР-ДЕРБИ МЕЧ“, напиша Кировски.

Пред мечот тој доби и плакета од ФФМ, како и судиски дрес. Капитенот Гачевски му подари цвеќе и топка на која беа потпишани сите играчи на Вардар.