(Видео) Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ бараше функционален закон за јазиците, а Заев гледаше да дојде на власт

8.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ бараше функционален закон за јазиците, а Заев гледаше да дојде на власт

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција беше запрашан за ставот на опозициската партија во однос на изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека интервенција врз Законот за јазици ќе значи враќање на состојбата пред рамковниот договор.

Како што рече Стоилковски, ова уште еднаш покажува дека Заев нема концепт за државата, за закони и за правда.

„Тоа е само за да се задржи на власт за да можат да тераат тендерите, да може да тера рекетот, да тераат поткупите, да се богати кланот на власт. Носењето на закон така како што се донесе беше оспоруван процес и од експертската јавност и од ВМРО-ДПМНЕ. Не треба да се брза, треба да биде согласно Уставот и законите и да се почека да се добие известувањето од Венецијанската комисија“, кажа партискиот портпарол.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не е против унапредување на правата на граѓаните во Република Македонија, доколку тоа биде издржано согласно Уставот и законите.

„ВМРО-ДПМНЕ бараше да се седне и да се разговара и да се направи функционален закон за употреба на јазиците во Република Македонија кој што ќе биде според Устав, закон и функционалност и сето тоа да се однесе на оценка на Венецијанската комисија за да не се доведеме во ситуација како што е државата доведена сега само заради немањето на концепт на Зоран Заев, освен оној дел од трговијата за да се задржи на власт за да може неговиот клан да се богати“, посочи Стоилковски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата