Жешко е на мега – дербито на Арената. По првите 45.минути резултатот е 1:1. Вардар поведе од пенал со голот на Д. Мицевски во 29.минута откако Ставрев виде прекршок на Мурати врз Цветановски. Шест минути подоцна Шкендија израмни со голот на Имери. Домашние имаа супер шанса преку Жунињо при резултат 1:0, но Захов фантастично одбрани.

Работнички води под Шара со 2:1. Марковиќ во 24.минута погоди за 1:0, набргу од пенал Гафри израмни, за да Петар Петковски во 37. одново му носи водство на тимот од Градски парк.

Шкупи – Пади Карваљо 0:2. Со двата гола на „кариоката“ Македонија ЃП води а Чаир. Додека во Струга се игра без голови.

 

РЕЗУЛТАТИ ПО ПРВИТЕ 45.МИНУТИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:1

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1:2

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 0:0

ВЧЕРА:

СИЛЕКС – А.ПАНДЕВ 3:1