Напаѓачот на Барселона Луис Суарез го воодушеви светот со фантастичниот погодок против Мајорка во 15. коло на Ла Лига. Уругваецот во 43 минута даде гол со пета и со осмиот погодок сезонава е на третото место на листата на голгетери.

Тој гол ми е најдобриот во кариерата. Знаев каде се наоѓам и дека аголот беше незгоден, а последната опција ми беше да шутнам со петица. Тренерот Валверде понекогаш ми вели дека се постигнувам голови од лесни ситуации, но ги реализирам оние најтешките“, вели Суарез.