Тоа ќе биде вистински десерт за љубителите на фудбалот, посебно на шкотскиот кој изобилува со машка борба, обострана мотивираност и ривалитет кој тешко може да се најде било каде на светот. Верска, социјална, традиционална поделеност… Се е штиклирано кога се работи за „Олд Фирм“. Затоа тој се уште е атрактивен, дури и кога шкотските клубови се мачат во Европа – што оваа сезона и не е случај. Имено, Селтик избори понатамошен пласман во Лига Европа во конкуренција на Клуж, Лацио и Рен, а Ренџерс е лидер во Групата Г пред Порто, Јанг Бојс и Феенорд, но се уште не е сигурен дали ќе помине иако одигра неколку добри натпревари.

ШКОТСКА – Лига куп (финале)

РЕНЏЕРС – СЕЛТИК
недела 16.00 (Хемпден Парк)
Шифра: 2431

ПРЕДЛОЗИ
КТ 2        2,20
КМБ 1+I&1+II            1,57
* Квотите подлeжат на промени

„Келтите“ ги освоија претходните три Лига купа – тогаш ривали има беа Абердин (два пати) и Мадервел. Ренџерс нема финале уште од сезоната 2010/11, кога беше подобар токму од својот најлут противник, и тоа по продолженијата (после 90 минути беше 1:1). Но, Ренџерс се рекордери во ова натпреварување со 27 трофеја, а Селтик има 18.

Состојбата на табелата е следна. Селтик е прв со два бода предност во однос на Ренџерс на втората позиција. Така е поради ремито на „полицајците“ со Абердин во средата (2:2), а истовремено Селтик го победи Хамилтон (2:1). Прв пат откако беше исфрлен од елитата Ренџерс е конкурентен на Селтик (минатата сезона добро се држеше, но на крајот „зелените“ издоминираа). Тоа е уште една причина поради која овде ниту еден исход не би требало да се отпише. Од друга страна, момците на Нил Ленон славеа во септември на „Ајброкс“; меѓутоа на претходните шест меѓусебни пресметки имаше единици, и тоа воглавно со малку погодоци. Секако, сега тој тип би требало да се сфати условно, со оглед на фактот дека финалето се игра на неутралниот „Хемпден парк“.

За разлика од својот колега Ленон има проблеми со повредени играчи, па така на овој натпревар нема да може да смета на Мохамед Елјунуси, Џони Хејс и Даниел рзани, како и дефанзивците Шимуновиќ, Елхамед и Болињоли. Меѓутоа, Селтик на располагање има доволен број на одлични играчи, па така сигурни сме дека ќе го надомести сите кадровски недостатоци.

Поради последната победа во меѓусебниот дуел, како и многу подобриот биланс во меѓусебните дуели одиграни во последните години, предност му даваме на Селтик. Доколку се сомневате во двојкат, определете се за 2-3 или MOZZART комбинација 1+I&1+II.