На еден час пред стартот на мега – дербито, стратезите Васоски и Ѓока ги отворија „картите“. Се знаат стартните постави на Вардар и Шкендија.

Мало изненадување во таборот на Вардар. Покрај Тошевски, во записникот го нема ни искусниот Новак. Па така во одбраната ќе бидат Гачевски како голман, а стопери Најдовски, Серагфимов и Младеновски. Лево Жунињо, десно Брдаровски. Во средниот ред Адем и Мицевски, како повлечен напаѓач ќе биде Аврамовски, додека во самиот шпиц Цветановски и Ибиши.

Додека Шкендија ќе започне со Захов на голот, десен бек Мурати, лев Мици, стопери се Бејтулаиу и Незири. Во задниот дел од играта за врска искусните Алими и Хусмани, значи Тотре го нема, додека во нападот се Имери, Бесарт и Агим Ибраими, секако дека тука е и Жуниор.