Северина ја отпеа “РОДЕНО МОЕ“ за синот и концертот во Загреб го заврши во СОЛЗИ (ВИДЕО)

8.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северина ја отпеа “РОДЕНО МОЕ“ за синот и концертот во Загреб го заврши во СОЛЗИ (ВИДЕО)

Пејачката Северина Којичќ одржа концерт во полната загребска „Арена“, а хрватските медиуми известуваат дека необично го започнала и необично го завршила концертот.

Северина, која пред десетина дена го изгуби старателството над синот, концерто го започнала со молитвата „Оче наш“ и ја замолила публиката да ѝ се придружи.

Потоа ги нижела хитовите, но пред крајот се „скршила“ и заплакала.

На синот му ја посветила песната „Роџено мое“ и концертот го завршила во солзи, пренесува Индекс.

„Ова го пејам не само за својот син, туку за сите деца и за сите мајки“, рекла Северина, која среде песната заплакала.

Пред концертот им се обрати на сите преку инстаграм заблагодарувајќи се на поддршката кја ја добива во борбата со Милан Поповиќ за старателство врз синот Александар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата