Боки 13 тврди дека има свои АУДИО БОМБИ - xaoc во Kpивичен

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13 тврди дека има свои АУДИО БОМБИ - xaoc во Kpивичен

Бојан Јовановски му поставуваше прашања на сведокот Орце Камчев. А последното прашање на Боки 13-ка направи вистински хаос во судницата.

Дали во вашиот дом во ваше присуство сме ја споменувале обвинителката Вилма Русковска и дали се сеќавате за кои околности за што сме спомнувале, во кој контекст, запраша Јовановски.

Судијката повторно го прекина и посочи дека тоа е ирелевантно за случајот.

Дали во вашиот дом се сеќавате кога на гласен тон зборувавте за обвинителката Лиле Стефанова говорејќи со погрдни зборови и пцовски, праша Јовановски.

Судијката повторно го прекина Јовановски и го праша како е тоа релевантно.

Јовановски и посочи на судијката дека ова е важно бидејќи таа го води предметот „Империја“.

- Не се сеќавам, одговори Камчев.

- Поради тоа што не се сеќавате од одземените предмети од мојот дом има едно УСБ кое што барам да биде извештачено, каде што и јас имам аудио, вели Јовановски

Судијката повторно го прекина.

-На кој датум точно го пријавивте случајот рекет, праша Јовановски.

-Не се сеќавам тоа, одговори Камчев.

-Каде кога сум го пријавил, потпраша тој.

-Па на колку места го пријавивте, праша Боки 13.

- Јас го информирав премиерот, а го пријавив мислам дека беше почетокот на мај или април, не можам да кажам точно за да не згрешам, одговори Камчев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата