АКО СИ ВО ХОЛАНДИЈА, НЕКА НЕ ТИ ПОМАГА МИНИСТЕРОТ: Дарко студира и имаше ПРОБЛЕМ - Димитров ВАКА ГО РЕШИ

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АКО СИ ВО ХОЛАНДИЈА, НЕКА НЕ ТИ ПОМАГА МИНИСТЕРОТ: Дарко студира и имаше ПРОБЛЕМ - Димитров ВАКА ГО РЕШИ

ВО ПОТРАГА ПО МОЈАТА НАЦИОНАЛНОСТ

Во општина во Холандија на средба којашто треба да трае максимум 10 минути.
Го подавам мојот пасош. Госпоѓата веќе го има мојот фајл и потребна е само мала формална проверка.
Госпоѓата: Господине, во полето националност не можам да внесам македонец. Дали вашата националност е македонец?
Јас: Да, да.
Госпоѓата: па не може, системот не го прифаќа тоа. Дали сте сигурен дека тоа е вашата националност?
Јас: Па да. Имаше некаков договор помеѓу Македонија а и Грција, името на државата беше променето, меѓутоа националноста сеуште е македонец (барем така треба да биде). Може да проверите македонец/граѓанин на Северна Македонија.
Госпоѓата: господине, и тоа не може. Чекајте да проверам на интернет. (бара нешто…).
Аха, ќе пробам Бивша југословенска Република Македонија.
Јас: во ред, пробајте.
Госпоѓата: и тоа не може. Чудно, многу чудно. (Се смее.)
Не можам да ве внесам во системот. Чекајте ќе прашам некои од колегите.
(Се собираат 3-4 административци).
Никој од нив не знае како да го реши проблемот. Поминаа веќе 30 мин.
Госпоѓата: (Нервозно, не знае веќе што да прави.)
Знаете овие состаноци се во главно формални и траат максиум 10 мин.
Јас: Знам, знам.
Госпоѓата: Ќе пробам повторно. Внесува 10тина различни поими.

5 луѓе се обидуваат да ја одгатнат мојата националност. А самиот не можам да помогнам. Сите можности на коишто помислив веќе беа употребени.
На крај доаѓа една женичка од нејзините колеги и ја решава ситуацијата. И вика на госпоѓата: Треба да внесеш граѓанин на Република Северна Македонија или на холандски тоа е (Burger van de Republiek Noord-Macedonie).
Госпоѓата: Конечно, ја одгатнавме твојата националност. Направи слика од ова и секогаш носи го со себе, за да немаш слични проблеми.

И така до заврцестен идентитет…

Во продолжение се коментарите на постот на Никола Димитров. Согласно правилата на ФБ, ви ги пренесуваме во целост

 

 

 

 

 

Овој пост има 214 шерови и над 70 коментари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата