Постојат фудбалски навивачи кои не само што се луди, туку и се опседнати со своите идоли! Една Британка по име Вив Бодикот е луда за Жозе Мурињо! Таа 62-годишна пензионерка неодамна ја истетовирала 38. тетоважа со посвета на Мурињо. Одлуката паднала откако Португалецот го презеде Тотенхем.

За три години потрошила преку 2.000 фунти на тетоважи со Мурињо.

„Дефинитивно вреди, затоа што го обожавам. Спремна сум да потрошам и повеќе, веќе мислам што да направам следно“, изјави Вив за „Сан“.

Вив вели дека првата тетоважа ја направила во 2017. година кога Португалецот прешол од Челси во Манчестер Јунајтед.

ФОТОГРАФИИТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ