Англискиот премиерлигаш Евертон го отпушти тренерот Марко Силва после разочараувачкиот пораз од 5:1 од соседот Ливерпул на „Енфилд“ и падот во опасната зона. „Карамелите“ сезонава играат очајно и место за Европа се борат за да опстанат. Логичен беше потегот на раководството кое го тргна шпанскиот стручњак, а како привремено решение е поставен поранешниот голгетер на тимот од „Гудисон парк“ Данкан Фергусон.

Првиот предизвик на новиот стратег на „карамелите“ не е лесен. Противникот е Челси!