КУШАДАСИ, сјајниот бисер на ориентот

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КУШАДАСИ, сјајниот бисер на ориентот

Некогаш малото рибарско место Кушадаси денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејско Море. Топлата гостопримливост, големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.

Благата медитеранска клима за време на летните месеци ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: Градската плажа, Женската плажа и Долгата плажа го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето.

Неговото име во превод значи остров на птиците, а го добил името по малиот остров, кој е поврзан со копното преку насипи. На средината на островот е изградена камена тврдина, која датира од 15 век и станала заштитен знак на градот. Споменатиот полуостров доминира со погледот и ако кон Кушадаси се приоѓа од страна на морето и ако се прелетува со авион. На полуостровот протега поглед кон соседна Грција и островот Самос.

Во околината на Кушадаси се и античките градови Ефес (18 км), Дидим, Пријена и Милет. Изобилството со ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници, како и двата водни парка во близината на градот, од кои едниот е меѓу најголемите во светот, ви гарантираат незаборавен летен одмор. Иако развиено летувалиште, градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир и „Милас-Бодрум“ во Милас, кои се оддалечени 85 км, односно 120 км. Градот има марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси. Според процените, Кушадаси има околу 1.000 хотели, пансиони и апартмани од сите категории.

Еден од најстарите хотели во градот е „Имбат“, изграден во 1975 година, се наоѓа на Женската плажа, а може да се види и од центарот на градот. Доколку сте од тие туристи што сакаат повеќе да истражуваат, не пропуштајте да ги посетите познатите Памучни тврдини или Дворци се наоѓа тврдина, светилник и мала зоолошка градина. 24 километри јужно од Кушадаси се наоѓа национален парк, од кој се од памук – Памук Кале.

Карпите од бел вар, со термални извори и базени, настанувале илјадници години. Легендата вели дека за ова волшебно место знаела и Клеопатра, па во близина се наоѓа нејзината бања, со прекрасен базен во мозаик, каде што таа ја негувала својата убава кожа.

На растојание од 14 километри од Кушадаси, пак, ќе имате можност да го видите едно од седумте светски чуда, Артемидиниот храм во Ефес. Храмот бил речиси четири пати повисок од познатиот Партенон, денес на тоа место останал само еден единствен столб. Според старите легенди, градот Ефес го основале жените борци, познатите Амазонки. Ефес бил организиран многу подобро од некои денешни градови, што може да се заклучи по остатоците од улици, јавни тоалети, бањи, канализации, водовод, пазари и околни куќи.

Во Кушадаси цените не се многу високи: Лежалка со пијалак е околу пет евра. Ако сакате да посетите и други плажи, освен таа што е во рамки на хотелот, има превоз со комбија, кој чини една лира, а ќе ве однесе до кое и да сакате место. Со такси, пак, за која било релација се плаќа по 10 лири. Ако сте љубители на пазарење и, секако, атмосфера што може да се види само во старите чаршии со тие мали дуќанчиња, тогаш на Кушадаси го имате и тоа задоволство. Ако патувате со авион не заборавајте дека ќе слетате во Измир, па по еден и пол час со автобуски превоз ќе бидете во Кушадаси.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата