Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во интервју за GQ раскажа анегдота во дуелот со легендарниот дефанзивец Марко Матераци. Имено Матераци важеше како еден од најгрубите фудбалеро во тамошниот фудбал, а тоа го почувствувал Ибрахимовиќ додека играл за Јувентус.

Се сеќавам еднаш ми влезе грубо како некој убиец и ме повреди. Беше тврд играч. Тоа е во ред. Но постојат два типа на груби играчи. Едните имаат намера да ве повредат. И Малдини беше остар, но неговите намери беа поинакви“, изјави Златан.

А Златан дочекал момент за одмазда четири години подоцна кога го облекол дресот на Милан.

Добив шанса да му се одмаздам. Му влегов со кунг-фу удар и го испратив во болница. Станковиќ ме праша: ’Зошто го направи тоа?’ Му одговорив: ’Тоа го чекав четири години. Се се враќа, се се плаќа’“, раскажа Златан.