Селекторот на првиот противник на Македонија на ЕУРО 2020, Украина, Сергеј Бебешко ги отвори картите кога станува збор за ракометарите на чии услуги ќе смета за континенталниот собир во јануари.

Нема некои поголеми новитети во тимот на Бебешко, а на списокот од 28, покрај добро познатите за нас Владислав Остроушко и Александар Шевелев, кои го носат дресот на македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник, е и Сергеј Онифриенко, кој е во процес на рехабилитација по операцијата и шансите да заигра на ЕП се мали.

СОСТАВ НА УКРАИНА
Голмани: Антон Деревјанкин (ЗТР), Валентин Кошевој (Азоти Пулави), Генадиј Комок (Мотор), Антон Терехов (Погон).
Леви крила: Захар Денисов (Мотор), Евгениј Жук (П. Медведи), Дмитриј Артеменко (ЗТР), Максим Карамишев (Васлуи)
Леви бекови: Станислав Жуков (Мотор), Евгениј Буњенко (Орошази), Дмитриј Горига (Погон), Владислав Остроушко (Еурофарм Работник),
Средни бекови: Александр Тилте (ЗТР), Александар Кириленко (Пермские медведи, Русија), Владислав Паровинчак (Мотор), Владислав Залевскиj (ЗТР)
Десни бекови: Владислав Донцов (Мотор), Сергеј Онифриенко (Шарт), Роман Чичикало (Заглебје)
Десни крила: Артем Козакевич (Мотор), Јуриј Кубатко (Мотор), Андреј Акименко (ЗТР)
Пикери: Павел Гурковскиј, Дмитриj Дорошук, Дмитриj Тјотник (Мотор), Александар Шевелев (Еурофарм Работник, Македонија), Дмитриј Илченко (ЗТР), Иван Бурзак (ЗТР)