Во Премиер лигата се игра 15. коло, во француската Лига 1 16-тото коло, тука се уште неколку натпревари од помалите лиги, а секако и Купови во Италија, Белгија, Турција, Шкотска… Можност за типување и за освојување на пари… Еве ги нашите предлози за денешните натпревари.

АНГЛИЈА 1

ЧЕЛСИ

АСТОН ВИЛА

Можеби Челси игра променливо, но се освен единица на „Стемфорд Бриџ“ би било големо изненадување – едноставно, домашните се силни, а и Астон Вила на гостувањата воглавно игра лошо, па тука немаме никакви дилеми.

ЛЕСТЕР

ВОТФОРД

Во досегашниот дел од шампионатот Лестер беше една од најдобрите екипи, додека Вотфорд се наоѓа на сосема другиот крај на табелата. Се би требало да ви биде јасно и без нас, посебно кога знаете дека во овој случај и традицијата е на страната на „лисиците“.

ФРАНЦИЈА 1

СЕНТ ЕТЈЕН

НИЦА

На Сент Етјен треба да му се оддаде признание: списокот на повредени им се продожува, а малиот број на фудбалери што се здрави бележат добри резултати. Ница нанижа пет порази во гости, па од стартот заборавете на двојката (единица, 1Х&0-3).

ТУЛУЗ

МОНАКО

Ако овој меч се играше во Монако, единицата би била единствен тип. Вака, ем „кнезовите“ не се најубедливи, ем пет години не победиле во Тулуз, додека на домаќинот му гори под нозе и мора да играат најдобро што знаат. Размислете за ГГ, Х2 и нивна комбинација.

ПСЖ

НАНТ

Нивното последно одмерување на силите им припадна на „канаринците“, меѓутоа беше одиграно во Нант кога ПСЖ практично ја осигура титулата. На „Паркот на принцовите“ приказната е поинаква: единицата „поминала“ 11 пати по ред. Очекуваме и 12-ти пат, можеби со 2-4 гола.

РОМАНИЈА 1

КЛУЖ

СЕПСИ

Клуж е шампион и се бори да ја задржи титулата. Сепси е во долниот дел на табелата и реално е да се најде во групата за опстанок, па така овде единицата е прв избор. На нивните меѓусебни дуели често има 2-3 гола, па комбинирајте.

ШКОТСКА 1

АБЕРДИН

РЕНЏЕРС

Абердин по квалитет е веднаш зад Селтик и Ренџерс, но со шкотските гиганти не знае. Освен тоа, „полицајците“ сакаат идеална увертира за претстојното финале на Лига купот со „келтите“ и двојката е извесна, а истото важи и за КМБ 2&2+.

СЕЛТИК

ХАМИЛТОН

И тука важи истата ставка поврзана со Лига купот, со тоа што Селтик би морал да има полесна задача во споредба со најлутиот ривал бидејќи Хамилтон е кандидат за испаѓање. ПК 1-1 и со барем три гола е извесно, а има услови и за ДП 11 и СП 1.

КИЛМАРНОК

СТ.ЏОНСТОН

Единицата и тука е реална, и тоа од неколку причини: Килмарнок е подобра екипа од „светците“, на „Рагби парк“ ретко кому му препушта бодови и доби пет од претходните шест натпревари со Ст.Џонстон (еднаш одигра нерешено). Избегнете голови.

РОС КАУНТИ

ХИБЕРНИЈАН

Рос Каунти нема триумф повеќе од два месеци, колку што помина и од последниот пораз на Хибернијан во гости. Значи, формите им се такви што двојката има предност, иако и ГГ е еднакво веројатен тип и редовно доаѓа на мечевите на Хибс.

ИТАЛИЈА – Куп (4.коло)

САСУОЛО

ПЕРУЏА (2)

Сасуоло е во „долниот дом“ на Серија А, додека Перуџа се надева на промоција во елитата. Ниту еден исход не би бил изненадување, меѓутоа, домашните се многу силни и осоколени со ремито против Јувентус. Единицата е нашиот прв избор, а може да дојде со ГГ3+.

СПАЛ

ЛЕЧЕ

Во прашање е интересен меч на екипи кои не можат да се пофалат со досегашниот ефект. И на едните, и на другите неспоредливо им е поважно да се фокусираат на првенството. А и едните и другите обично играат тврдо, затоа нашите предлози се 0-2 и 1ппХ.

УДИНЕЗЕ

БОЛОЊА

Ова е комплициран натпревар. Удинезе знае да биде незгоден домаќин, но во последно време не може да се пофали со резултатите. Болоња игра слично, но делува некако позрело од црно-белите. Потпрете се на ГГ или 2-4.

БЕЛГИЈА – Куп (осминафинале)

КОРТРАЈК

ЕУПЕН

Минатонеделното реми со Андерлехт во Брисел малгу го разгали домаќинот, но недоволно да би го прогласиле за фаворит против Еупен кој е незгоден гостин и на крајот на октомври победи во Кортрајк. Ви сугерираме КМБ Х2&ГГ.

ВАРЕГЕМ

СТ. ТРОЈДЕН

Ст. Тројден пред десеттина дена му се заблагодари на тренерот Марко Брис. Место него е поставен Ники Хејен кој работеше со младинскиот тим на „канаринците“ и чија единствена задача е да избори опстанок. Затоа Варегем би морал да победи, и тоа со 2+.

ОСТЕНДЕ

КЛУБ БРИЖ

На Клуб Бриж му припаднаа претходните шест меѓусебни дуели, па дури и Остенде да е во подобра форма не би имал шанси во двобојот со најсилната екипа во Белгија која „пикира“ на „тројната круна“, прва од 1996. Двојката спојте ја со 2-4.

ШАРЛРОА

ГЕНТ

Гент минатата сезона стигна до финалето, во кое беше изненаден од тогашниот второлигаш Мехелен. „Бафалата“ сакаат чекор понапред, но ждрепката им ја донесе солидната Шарлроа и исходот е тешко да се предвиди. Ограничете се на ГГ и 1+I&1+II.