Земјотрес почуствуван во Охрид, Кичево и Битола - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес почуствуван во Охрид, Кичево и Битола - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје  утринава, на 02.12.2019 регистрирше земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на растојание 160km југозападно од Скопје. Земјотресот се случи во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4.3. Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката (Кичево, Охрид и Битола) со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје и околината според истата скала.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата