Кошаркарите на Анадолу Ефес се изборија за голема победа на дербито во Милано против екипата на Олимпија од 76-81 и се искачија на врвот на табелата во тековната сезона од најсилното европско клупско натпреварување. Ова беше вториот пораз за Италијанците во последните три средби, но можеби и беше малку очејкуван, затоа што пред само два дена, тимот извојува победа над Макаби ТА во една исклучително исцрпувачка средба. Тоа се одрази на денешниот дуел, а Турците максимално го искористија и ја прокнижија осмата сезонска победа.

Одличен меч кај Ефес одигра Ларкин кој реализираше 17 поени, а одлично израние имаа и Плајс со 14 и Синглтон со 11 поени. Во редовите на Олимпија Серхио Родригез запиша 11 поени.

Вечерва и Црвена Звезда успеа да ја добие драмата на гостувањето во Литванија против Жалгирис. Белградските „црвено-бели“ славеа со 59-61 што беше само трета сезонска победа за нив. Олимпијакос без многу проблеми дојде до четвртата сезонска победа, откако вечерва триумфално мина во Берлин против Алба, совладувајќи ја со 80-99.