И тоа го има во професионалниот фудбал. Уругваецот Фернандо Муслера, долгогодишниот голман на Галатасарај, барем така пишуваат медиумите во Турција, лажел дека е повреден, демек имал проблеми со лигаментите, само да не игра во Израел на мечот меѓу Уругвај и Аргентина.

Мечот кој се одигра во Тел Авив во понеделникот и кој заврши 2:2. Муслера целиот меч го одгледа од клупата, а место него на голот на ургвајската селекција беше Мартин Кампања. Муслера ова го направил од причина што не сакал да ги повреди чувствата на Турците со тоа што би играл на израелско тло. Ако ова е точно секако дека Муслера во очите на Турците ќе биде уште поголем, но можеме само да претпоставиме како ќе реагираат неговите сонародници во Уругвај.