Добра вест за стручниот штаб на Шкендија. Репрезентативците Марјан Радески и Егзон Бејтулаи, полека заздравуваат од повредите и од пред два дена почнаа со полесни тренинзи надвор од останатиот дел на фудбалерите на шампионот. Инаку и двајцата не беа во составот на нашата репрезентација во ноемврискиот циклус поради повредите. Во Шкендија се надеваат дека Радески и Бејтулаи ќе можат целосно да заздрават и да бидат во комбинација за дербито на Тетово против Ренова, кое се игра во недела со почеток од 13 часот на Градскиот стадион под Шара. 

За разлика од нив, Арменд Алими и Мевљан Мурати кои исто така имаа проблеми со повредите, веќе тренираат со останатите фудбалери, тие повеќе од сигурно ќе играат против „гипсарите“.