Тоше Проески ќе добие улица во Србија

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тоше Проески ќе добие улица во Србија

Тоше Проески ќе добие улица со неговото име во село Јабука кај Панчево.

Оваа иницијатива ја предложија жителите на селото Јабука, во  кое населението е претежно македонско. Предлогот бил доставен до Градското собрание на Панчево и наскоро треба да се усвои.

На овој начин, жителите на селото Јабука сакаат да му се оддолжат и да му оддадат признание на нивниот покоен сонародник кого странските медиуми го нарекоа балкански Елвис Присли.

Ова ќе биде првата улица во Србија која ќе го носи името на нашиот пејач кој загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата