Николоски: Три години Македонија не започнува преговори со ЕУ, а резултат на тоа е зголемената корупција и немањето реформи

19.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Три години Македонија не започнува преговори со ЕУ, а резултат на тоа е зголемената корупција и немањето реформи

Факт е дека Македонија изгуби три години со Зоран Заев и оваа Влада, три изгубени години се неповратни за граѓаните затоа што зборовите на Зоран Заев беа дека доволно е само да се реши проблемот со името и Македонија ќе почне со преговори, ова денеска во вестите на Сител го изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Три години Македонија не започнува со преговори, а резултат на тоа е зголемената корупција и немањето реформи во Македонија и втората група на проблемите е ставањето на Македонија во исти пакет со Албанија на што алармиравме уште минатата година кога договорот беше направен меѓу Заев и Еди Рама. Ова со „нон пејперот“ на Франција се само последици, имено тоа е став на една земја членка, и тоа се работи во кои ние немаме влијание, бидејќи тоа се интерни работи во рамки на ЕУ и за жал неиспорачувањето на реформите и групата со Албанија не донесе во ситуација да исчекуваме дали и какви договори ќе има во ЕУ, вели Николоски.

Тој додава дека ние како држава не можеме да дадеме никаков одговор на овој „нон пејпер“ како држава.

-Прво треба да чекаме сите земји членки да го дадат своето мислење и второ што е суштинско низ целиот тој документ провејува владеењето на правото и борбата против корупцијата што значи дека е детектирано за Македонија и останатите земји во регионот како основен проблем, а ние цело време зборуваме дека Владата на Зоран Заев е супер корупирана и тоа е проблемот зошто Македонија не напредува, додава Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата