Интересно беше откако заврши мечот на ФФМ, на кој Македонија У-19 со 3:0 славеше над Луксембург. Нашите надежи се собраа на средината од теренот и заеднички очекуваа што ќе се случи во Ѓорче. Таму играа Англија и БиХ, беше 4:1 и босанците не смееја да постигнат гол, ни требаше таа разлика од три гола за Англичаните. По минута – две заврши тој дуел а потоа следуваше радост, еуфорија кај нашите момци.

Важна напомена е тоа што ние одигравме добро, ние победивме дури откако селекторот Горан Станиќ му даде шанса на Тошевски да биде стартер, кога го спои тандемот Тошевски – Воша.