ЗА 28 МИЛИОНИ ЕВРА е продаден најскапиот часовник во Светот (ВИДЕО)

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗА 28 МИЛИОНИ ЕВРА е продаден најскапиот часовник во Светот (ВИДЕО)

Уникатен рачен часовник „Patek Philippe“ под ознаката „Grandmaster Chime Ref. 6300A-010“ на добротворна аукција на компанијата „Само часовник“ во Женева се продаде за рекордни 28,25 милиони евра!

Тоа беше доволно за да ја носи титулата најскапиот часовник во светот. Претходниот рекорд за најскапиот рачен часовник во светот го држеше Ролекс Дејтон, кој припаѓаше на Пол Њуман, кој беше продаден на аукција во 2017 година за 17,7 милиони долари.

„Овој часовник може да прави се, освен да ви направи кафе“, рече Сабине Кегел, директор на аукциската куќа „Кристи“ во Женева, задолжена за часовникот.

Часовникот е специјално изработен за оваа пригода. Покрај тоа што има датум и аларм, ова ремек дело има уште 20 функции. Бројчаникот е променлив и може да биде во розова или црна боја. Аукцијата „Само часовник“ се одржува секоја година и целиот приход од продажбата е за истражување на мускулна дистрофија, генетско нарушување што ги погодува децата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата