Берлин добива арапско радио

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Берлин добива арапско радио

Арапите кои живеат и работат во Берлин наскоро ќе имаат радиостаница на својот јазик.

Поголем дел од програмата на „Радио Арабика“ ќе биде на арапски јазик, а ќе биде насочена кон случувања од културата, вести, забава, спорт и секојдневниот живот во германската метропола, објави Медиумскиот совет за берлинскиот и бранденбуршкиот регион (МАББ).

Станицата ќе емитува и арапска народна и модерна поп музика.

„Покрај француската, руската, турската, британската и американската станица, сега ќе има и арапска“, соопшти директорот на МАББ, Хансјуерген Розенбауер, а пренесе „Индекс.хр“.

Сè уште не е познато кога точно новата станица ќе започне со емитување на програма.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата