Тинејџерка се породила на подиум во дискотека

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџерка се породила на подиум во дискотека

Несекојдневна случка се случила во една дискотека во Франција. Имено, на подиумот откако завршила забавата се породила тинејџерка, а во целиот чин и помогнале вработените во клубот. Менаџерот на дискотеката објавил дека новороденчето, кога ќе дојде време за тоа, секогаш ќе има бесплатен влез во нивниот клуб.

- Беше околу 5: 30 наутро, време кога ја затвораме дискотеката. Немаше многу луѓе, но во еден момент ме повикаа и ми рекоа дека се работи за итен случај. Отидов до подиумот и видов дека девојка се породува, изјавила менаџерката Мери Елен.

Се почнало во момент кога момче кое било гостин во клубот видел дека девојката почнала да се породува на подиумот. Вработените брзо реагирале и повикана била итната медицинска помош која телефонски, во периодот додека пристигне, им давала инструкции како да постапат. Здравствените власти соопштиле дека и бебето и мајката се во добра здравствена состојба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата