Оливер Спасовски потврди дека Зоран Заев ЛАЖЕЛ за Верушевски (ВИДЕО)

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Оливер Спасовски потврди дека Зоран Заев ЛАЖЕЛ за Верушевски (ВИДЕО)

Оливер Спасовски потврди дека премиерот Зоран Заев лажел во врска со ангажманот на Зоран Верушевски во СДСМ за периодот кога Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски ги предавале прислушкуваните материјали во партијата.

На прашање во емисијата Вин Вин, дали Зоран Верушевски било кога, пред метлата на Зоран Заев кога беше внесен како претседател на комисија извршувал било каква функција за каква што го претставува Зоран Заев за некаква комисија за безбедност во СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека таква функција немал.

“Јас додека сум бил генерален секретар во тој период значи не бил претседател, или член на комисијата, туку бил човек кој што соработувал.“, посочи Спасовски.

Со тоа тој го негира премиерот Зоран Заев кој пред медиумите изјави дека Верушевски бил шефот на комисијата за безбедност.

„Ако Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски вие ги дававме на професорот Верушевски, тие толку требале да знаат во тој момент, тие ги давале во СДСМ претставено преку шефот на комисијата за безбедност Верушевски, фактички се правно формално се давани на СДСМ“, рече Заев.

Изјавата на Заев е спротивна и на сведочењето на самиот Зоран Верушевски кој во септември во судница рече дека Лазаревски материјалите ги предавал директно во партијата СДСМ.

„Информацијата и документацијата не завршуваше кај мене, туку кај политичката партија“, изјави Верушевски во неговото сведочење за прислушкуваните материјали.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата