Туск: Русија е стратешки проблем, а не партнер

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Туск: Русија е стратешки проблем, а не партнер

Претседателот на Европскиот совет во заминување, Доналд Туск, рече дека ги уверил водачите на ЕУ дека Русија е стратешки проблем, а не стратешки партнер.

„Морав постојано, скоро секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Јас дури бев етикетиран како мономан, бидејќи бев толку фокусиран на оваа тема“, изјави Туск во говор на Универзитетот во Бриж.

Според него, целта му била да се одржи европското единство, за кое агресивната политика на Кремљ била главен предизвик.

„Бев и сè уште сум убеден дека оваа игра не се однесува само на иднината на независноста на Украина и безбедноста на централна Европа, туку и суверенитетот на Европа како политички субјект. И воопшто не се сомневам дека стратешката цел на Владимир Путин не е само да ја врати контролата врз териториите на СССР, туку и систематски да ја ослабне ЕУ со создавање на внатрешни поделби“, рече Туск.

Тој додаде дека неговите напори на крајот се исплатиле бидејќи единството на ЕУ се зајакнува преку санкциите кон Русија.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата