(Видео) Македонска премиера на „Глас“ на „Синедејс“

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Македонска премиера на „Глас“ на „Синедејс“

Долгометражниот игран филм „Глас“, во режија на Огњен Свиличиќ, во продукција на „Максима филм“, а во копродукција на „Скопје филм студио“, на 14 ноември ќе ја доживее македонската премиера како филм од програмата МК во ЕУ на годинешното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше европска премиера на интернационалниот филмски фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на фестивалот во Котбус, Германија, каде што беше дел од натпреварувачката програма.

„Глас“ е приказна за младо момче што пристигнува во католички интернат, каде што им дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук е Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак, а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

„Глас“ е копродукција помеѓу „Максима филм“ од Хрватска, „Скопје филм студио“ и „Биберче продукција“ од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ, како и Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио-телевизија и Филмскиот центар на Србија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата