(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните сослушувања во истрагата за негово отповикување.

На снимка која ја објави Белата куќа, Трамп зборува дека демократите сакаат на Американците да им го одземат оружјето, здравството, слободата и правото на глас.

„Се обидуваат да ме спречат бидејќи се борам за вас. Никогаш тоа нема да им го дозволам“ додаде Трамп и порача дека не ги следи сослушувањата.

„Премногу сум зафатен за да го гледам тоа. Тоа е лов на вештерки, тоа е измама. Нема ништо во тоа“ рекол Трамп.

Денеска во Претставничкиот дом на американскиот конгрес почна јавно сведочење во истрагата за отповикување на Трамп. Сведочат највисокиот дипломатски претставник на САД во Украина, Вилијам Тејлор и советникот на државниот секретар, Џорџ Кент.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата