Универзитет во Хонг Конг обвинет дека е место за нереди

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Универзитет во Хонг Конг обвинет дека е место за нереди

Полицијата во Хонг Конг обвини еден универзитет дека е база за молотови коктели и уточиште за нереди и злосторници. Вечерва повторно дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.

Како што пренесуваат светските медиуми, полицијата тепала и апсела демонстранти во центарот на градот, кој денеска беше парализиран, јавниот сообраќај во главно е во прекин, а универитетите затворени, пренесе„Гардијан“.

Стотина демонстранти се собраа на мостот преку автопат, каде изградиле импровизирани барикади, стравувајќи дека полицијата ќе се врати. Силите на редот, пак, ги оправдаа своите делувања кон студентите, поради тоа што претходната ноќ тие фрлале молотови коктели и цигли кон нив.

Полицијата исто така рекла дека демонстрантите фрлале запалени стрели.

Неколку универзитети соопштија дека завршуваат со првиот семестар, кој инаку би требало да заврши на почетокот на декември.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата