Џон Леџенд прогласен за најсексапилен маж на светот

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џон Леџенд прогласен за најсексапилен маж на светот

Талентираниот американски пејач и актер Џон Леџенд (40) е најсексaпилен маж во 2019 година по избор на магазинот „Пипл“, но како што вели самиот, тој не е сигурен дали може да живее со таа ласкава титула.

Леџенд е среќно оженет со манекенката Криси Тајген (33), со која има две деца, и е првиот Афроамериканец кој е награден со Еми, Греми, Оскар и Тони за неговото уметничко дело.

„Кога ги слушнав вестите, бев многу возбуден, но во исто време малку исплашен затоа што тоа е голем притисок“, рече тој за „Пипл“.

„Џон од 1995 година би бил многу збунет што ја доби титулата по Идрис Елба. Џон од 2019 година е скоро подеднакво збунет, но му благодарам на магазинот ‘Пипл’. Сега сите ќе ме гледаат под лупа за да дознаат дали сум навистина доволно секси за вакво нешто. Патем, јас бев избран по Идрис Елба, што не е фер и не ми се допаѓа многу“, се пошегува пејачот.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата