Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген, ја загрозуваат надворешната политика на Албанија, поради свои внатрешно-политички интереси, пренесува српски „Блиц“.

Рама за албанската телевизија „Топ ченел“ изјави дека долго време му објаснувал на Албин Курти, лидерот на Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, во што се состои значењето на процесот мини шенген и порача оти би бил многу изненаден доколку тој не го разбира тоа, затоа што, како што кажа Рама, Курти е доволно интелигентен.

„Ако тој се преправа дека разбира или не разбира, тоа е негов избор, но се чини дека надворешната политика со Албанија ја користи за внатрешна политика. Не верувам дека ова е најдобро, ќе имаме време да разговараме и да ги продлабочиме дискусиите“, истакна Рама.

Коментирајќи ја изјавата на Курти за отворање на границите меѓу Албанија и Косово, албанскиот премиер рекол дека такво нешто не може да се направи без согласност на Србија.

„Ако Курти сака да отвори граници, тогаш мора да има согласност од сите држави“, рече Рама.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата