(Видео) Царовска: Mерката самовработување донесе перспектива за 330 лица во Полошкиот регион

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Царовска: Mерката самовработување донесе перспектива за 330 лица во Полошкиот регион

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во Тетово посети пекарница и уште два бизниси основани со мерките за самовработување преку Оперативниот план на Владата.

„Навистина ми е драго што денеска во Тетово посетуваме бизнис кој успешно опстојува од минатата година со помош на мерката за самовработување. На сопственикот на пекарата Мумин Нухии, му посакувам успешна работа и верувам дека вашиот бизнис ќе стане одржлив и ќе расте со што ќе имате потреба од нови вработувања и проширување на својата дејност. Тетово е една од водечките општини во искористувањето на мерката за самовработување. Годинава само во Тетово имаме 221 селектирано невработено лице за основање на сопствени бизнис со самовработување, а во целиот полошки регион вкупно 330 лица коишто се селектирани да ја користат оваа мерка“, рече Царовска.

Како што информираат од ресорното министерство, на ниво на цела држава за годинава предвидено е потпишување на вкупно 1.484 договори за самовработување.

„Од нив вкупно 557 лица, односно 38% се млади лица, до 29 години, а 518, односно 35% се жени. Во последните неколку години околу 15 % од вкупно регистрираните приватни бизниси во државата потпаѓаат под програмата самовработување“, се нагласува во соопштението на МТСП.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата